Битиќи: ЕУ стандарди во владеењето на правото

Сподели

“Овде сум пред вас со порака која не е само надеж, туку и ветување за европски стандарди во владеењето на правото, интензивно спроведување на реформите и остварување на заложбите за правда, за доброто на сите граѓани и за европската иднина на Македонија.” – рече потпретседателот и ко-носител на изборна единица 2, Фатмир Битиќи, денес на средби со граѓаните во Куманово.

Тој зборуваше за корупцијата која ја разјадува државата и затоа потенцираше дека борбата против неа мора да е постојана заложба.

“Доказ за борбата против ова зло е скокот од 85тото на 76тото место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International. Заврши времето на „судии од тефтерчиња“. Сите судии се слободни во нивното одлучување, оставени се на нивната лична совест и убедување.” – истакна Битиќи

Потпретседателот се осврна и на претходниот мандат на СДСМ и за остварувањето на огромниот напредок во делот на слободата на медиумите.

“За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се апсеа новинари и затвораа медиуми и бевме квалификувани како заробена држава,  успеавме да направиме скок од 80 места во однос на 2016 година во слободата на медиумите.  Во 2023 година “Репортери без граници“ во својот извештај ја рангираше Македонија на 38-то место во светот, а први во регионот по слободата на медиумите. Правдата не смее да биде плен на политичките игри, или инструмент за манипулација – или брутално насилство налик на обидот за замолкнување на новинарот Фуркан Салиу и сите оние во 11те години режим. Ветуваме силна и одлучна борба против криминалот и корупцијата и отворени и транспарентни институции.” – заклучи Битиќи.