Блек Сабат со последниот концерт во 1500 кино сали низ светот

Сподели

Последниот концерт на култната метал група Блек Сабат, одржан во февруари годинава, ќе биде претворен во документарец кој ќе се прикажува во 1500 кино сали низ цел свет.

Документарецот, именуван The End of The End, ќе се фокусира на последното шоу на британскиот бенд, кога свиреа во родниот град Бирмингем, во Гентинг Арената во февруари.

Заедно со снимки во живо од песни како War Pigs, Iron Man и Paranoid, во документарецот ќе влезат и снимки од зад сцената од Ози Озборн, Гизер Батлер и Тони Иоми, како што Блек Сабат се подготвуваат за својата последна свирка.

Филмот ќе се почне да се прикажува на 28 септември, а билетите се веќе во продажба.

„Да се вратиме дома после сиве овие години беше навистина посебно. Многу беше тешко да се каже збогум на фановите, кои беа неверојатно лојални низ годините. На почетокот не ни сонувавме дека ќе бидеме тука 49 години подоцна, свирејќи го нашиот последен концерт на домашен терен“.

Блек Сабат се смирија во 2011 после пауза, но оригиналниот тапанар Бил Вард не се врати на последните турнеи.

Во 2015 година, тој изјави дека главната причина поради која не се вратил во бендот е Шерон Озборн, сопругата на Ози.

radiomof.mk