Bo четвртина од Франција прогласено портокалово предупредување поради силна бура

Сподели

На 22 подрачја во југозападниот дел од Франција е прогласен портокалов метеоаларм поради изненадна интензивна бура, јавува Anadolu Agency (AA).

Метеоролошкиот завод соопшти дека метеоалармот поради бура и врнежи е прогласен во речиси четвртина од земјата.

Во соопштението се вели дека силната бура би можела да потрае и во вечерните часови.

Неповолните временски услови ќе ги погодат и туристичките дестинации во таа земја.

Предупредувањето е дадено за подрачјата меѓу кои се спаѓаат и департманите Арјеж, Шарант, Корез, Жиронда, Ланд но и многу други.