КОПЕНХАГЕН (АА) – Боб Дилан ја прифати Нобеловата награда за книжевност која му е доделена за 2016 година, соопшти Шведската академија, додавајќи дека престижното признание уметникот го оставило „без текст”, пренесува Anadolu Agency.
Секретрот на академијата Сара Даниус изјави дека Дилан ја контактирал академијата и рекол дека ќе ја прифати наградата. Даниус изјави за шведската новинска агенција ТТ дека Дилан ги контактирал во вторникот вечерта и разговарале 15тина минути.
„Веста за Нобеловата награда ме остави без текст. Многу го ценам доделеното признание” , изјави Дилан за време на разговорот со Даниус, се наведува во соопштението на академијата објавено вчера.
Сеуште не е познато дали наградата на Дилан ќе му биде предадена на свеченоста во Стокхолм во декември.
Нобеловата награда за книжевност оваа година е доделена на 75 годишниот кантавтор и пеjач, Боб Дилан, за создавање на нов поетски израз во американската поезија.
На почетокот Дилан не се огласуваше за наградата, а еден од членовите на академијата кој ја доделува наградата, молкот го нарекол „нељубезен и арогантен” .
Во текот на изминатите години, Дилан прими голем број на признанија, вклучувајќи го и Претседателскиот медал за слобода, во 2012 година.