Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги повика граѓаните, доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 Емилија Поповска и 075 437068 Јулија Малахова.
Градоначалникот, информираат од општина Центар, веќе разговараше со командирот на полициската станица Центар и договорено е да се зајакнат контролите.
Општинските власти ги повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат и напуштени домашни миленичиња.