Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција.
Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет”, по извршениот увид на доказите.
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дукоски потврди дека неговиот клиент е итно хоспотализиран. Тој рече дека Боки 13 во тоалетот во Обвинителството почнал да повраќа, му се слошило и се онесвестил.
„-Непријатна сцена беше. Не случајно досега бил најмалку 20 пати во болница. Тој не даде исказ. Повраќаше во тоалетот и потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена“, изјави адвокатот Дуковски.
Тој со полициска придружба беше донсен во Обвинителството од КПУ Затвор-Скопје, каде што издржува мерка притвор.