Поради неексплодирана бомба од Втората светска војна, околу 54.000 луѓе треба да бидат евакуирани од баварскиот град Аугсбург. Станува збор за најголема евакуација во Германија од крајот на Втората светска војна.
Градските власти им наложија на жителите да ги напуштат своите домови до 10 саат наутро на Божиќ, откако при градежни работи пронајдена е заборавена британска бомба тешка 1,8 тони.
Евакуацијата ќе ја надгледуваат 800 полицајци кои ќе се погрижат техничарите да не започнат со деактивација додека сите жители не го напуштат градот.
Градските власти проценуваат дека поголемиот дел од жителите ќе се сместат кај семејствата или пријателите, а за останатите ќе биде обезбедено сместување.