Бомбашки напад на пазар во Багдад: Загинаа седум, а ранети се 30 лица

Сподели

Неименувано лице од редовите на безбедносните сили изјави дека нападот е изведен со автомобил-бомба на пазарот во местото Рашидија, северно од Багдад

thumbs_b_c_2463e0ea3624ff489a586f20011f715c

БАГДАД (АА) – Најмалку седум лица загинаа, а 30-мина се ранети во бомбашки напад на пазар во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименувано лице од редовите на безбедносните сили изјави дека нападот е изведен со автомобил-бомба на пазарот во местото Рашидија, северно од Багдад.

Силната експлозија придизвика и голема материјална штета врз околните објекти и автомобили. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Багдад е цел на чести бомбашки напади, а еден од најстраотните се случи минатата недела, кога во трговски центар во Багдад, во квартот Карада, беа убиени повеќе од 200, а ранети повеќе од 100 лица. Одговорноста за тој напад ја презеде терористичката организација ДАЕШ.