Борисов: Сега не е време и не ни е во интерес Бугарија да стане дел од Шенген зоната

Сподели

bojko-borisov

Сега не е време да станеме дел од Шенген зоната и приклучувањето на нашата држава во овој простор нема да ни помогне, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

– Сите велат дека Бугарија треба веднаш да стане членка на Шенген. Но, ова не е во наш интерес во моментот. Ако од друга страна тие сакаат да не земат, ние со задоволство ќе прифатиме членство. Со години си играат со Бугарија. Сега ни требаат помалку игри и нема лесно да донесеме одлука за Шенген – рече Борисов.

Тој додаде и дека на 6 октомври, Бугарија ќе основа Европска гранична полиција.

– Ова ново тело, Европска гранична и крајбрежна стража ќе почне со работа следниот месец со 1.500 вработени на неопределено време. „Гулаб писмоносец“ и донесе на Бугарија 160 милиони евра – кажа Борисов во обраќањето до новинарите.

Европската комисија ќе обезбеди 160 милиони евра на Бугарија за да се справи со мигрантите и граничната полиција.

meta.mk