Божиќ – неработен ден за сите граѓани

Сподели

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 7 јануари 2019 година, Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Претходниот ден, Бадник, пак е неработен за православните, односно бидејќи станува збор за недела, за оние што работат и во неделите тој треба да биде неработен ден или да биде платен како празнично дежурство.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.