На свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, водителката се качи на сцена и се собу боса, а чевлите ги фрли кон публиката. По ова, обезбедувањето ја отстрани од сцената.
Девојката што ја отстранија од сцената требаше да учествува во перформансот на Мартин Кочовски за затварањето, чија изведба беше откажана.
https://youtu.be/weaTRftTIXE
Кочовски го обвини фестивалот дека го цензурира, а од управата на фестивалот изјавија дека перформансот е откажан од технички причини бидејќи на сцената требало да се истури смет од овошје, кое не ќе можело бргу да се исчисти за да продолжи церемонијата на доделувањето на наградите.