Бразил: Судир меѓу демонстрантите и полицијата поради мерките за штедење

Сподели

demonstr

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) – За време на протестите во Бразилија, главниот град на Бразил, дојде до судир меѓу илјадници демонстранти и полицијата, поради мерките за штедење за кои се дискутираше на седницата на Конгресот, јавува Anadolu Agency (AA).

Бразилската полиција интервенираше со солзавец откако демонстрантите почнаа да ги уништуваат автомобилите пред Конгресот и да кршат прозорци.

Судирот се случи во време кога членовите на Конгресот расправаа за нацрт-законот кој предвидува мерки за штедење кои би ѝ помогнале на државата која е во економска криза.

И покрај фактот што претседателот на Бразил, Мишел Tемер, поради падот на авионот со играчите на бразилскиот тим во Колумбија, прогласи тридневна жалост, членовите на Конгресот одлучија да го продолжат состанокот во врска со мерките за штедење.

Бразил е познат како најголема економска сила во Латинска Америка, но во последните неколку години се соочува со сериозна економска криза.