Десетици илјади луѓе маршираат низ центарот на Лондон во знак на протест против одлуката, Британија да ја напушти Европската унија. Демонстрантите се собраа во Парк Лејн во 11 часот и маршираа кон плоштадот пред парламентот, преку Пикадили, плоштадот Трафалгар и Вајтхол.
Демонстрантите го вееја знамето на ЕУ, држејќи транспаренти со слогани “Марш за Европа” “Нашата иднина е украдена” . Тие организирано се собраа како реакција на резултатите од референдумот што ја втурнаа Британија во политички хаос. Многумина од толпата, бидејќи многу од нив се млади луѓе, се облечени во европски знамиња додека други, по лицата се ишарани во сино со жолти ѕвезди.
Иако Велика Британија гласаа со тесно мнозинство од 52 отсто спрема 48 отсто да ја напушти ЕУ, главниот град, каде што се одржа протест, гласаше да остане во ЕУ.