Најмалку четири лица се повредени синоќа во Брисел во судир што изби во близина на зградата на генералниот конзулат на Република Турција во главниот град на Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинарот на АА, до судирот дошло на околу 100 метри од зградата на главниот конзулат, каде што пред неколку дена беа отворени гласачките места за референдумот за уставни измени во Турција.
Белгиската полиција брзо интервенираше и спречи поголем судир, а повредените се префрлени во болница.
Во соопштението од турскиот конзулат изразено е жалење до сите претставниците на парламентарни партии (Партијата АК, МХП, ЏХП, ХДП) поради фактот што во судирот се повредени неколку лица.
Нагласено е дека овој инцидент на никаков начин го нема нарушено процесот на гласање во Брисел.
Референдумот за уставни промени во Република Турција ќе биде одржан на 16. април, а гласачките места во Белгија и уште неколку европски земји беа отворени на 27 март.