ЛОНДОН (АА) – Министерот за финансии на Британија, Филип Хамонд изјави дека до 2020 година, Велика Британија ќе издвои буџет од 1,9 милијарди за зајакнување на безбедносните мерки против хакерските напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за финансии стои дека за обезбедување на официјалните интернет-сајтови и на банките со податоци во државата, ќе се издвојат средства од 1,9 милијарди фунти.
Во рамките на планот за кибер-безбедност, британската Влада ќе ја прошири и единицата во полицијата за справување со онлајн хакерски групи.
Дел од средствата од овој буџет ќе се користат за обуки во сферата на кибернетската безбедност.
Претседателот на разузнавачката служба на Британија (МИ5), Ендру Паркер, во својата репортажа за весникот „Гардијан“ тврди дека Русија зазема сѐ поагресивен став и дека според него, можно е таа да започне шпионски активности и хакерски напади против Британија.