При поставувањето на бројчаникот на Триумфалната порта којшто е донација од премиерот Зоран Заев, запазени се процедурите и постапките – изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-“Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек” – појасни Бошњаковски.
Информацијата колку чини бројчаникот, како што рече Бошњаковски, дополнително ќе им биде доставена на медиумите.