Ибрахимовиќ во првиот мандат во Милан имаше жестока пресметка со Огучи Оневу, супер силниот американски дефанзивец.
Од друга страна, Оневу не им е толку познат на фудбалските фанови, но поранешниот американски репрезентативец е вистински ѕвер бидејќи има 193 сантиметри и 100 килограми.
Од првиот ден двајцата воопшто не се „мирисаа“, а по влетувањето на Ибра на еден од тренинзите дојде до брутална пресметка.
Според сведоците, стартот на Ибра воопшто не бил добар, но на Американецот не му се допаднал. Стана, го фати Златан за врат и потоа почна митската борба.
“Почувствував удар во рамото. Не беше добра идеја за Оневу. Го удрив во глава и полетавме еден кон друг. Сакавме да се распарчиме на делови”, напиша Златан во својота автобиографија.
„Беше брутално. Се тркалавме на теренот и удиравме со тупаници и клоци. Бевме лути и луди. Тоа беше борба за живот и смрт“.
Ибрахимовиќ подоцна беше реален, велејќи дека немаше победник.
„Никој не победи, тој е чудовиште. Тој е силен како мене и не гледам победник“.
Зборовите на Џенаро Гатузо, кој на крајот го плати цехот, најдобро зборуваат за борбата.
„Имав луда идеја да влезам и да ги разделам, на крајот добив шлаканица од двајцата. На крајот се караа 25 минути и никој не дојде да ги раздели.
Масимо Амброзини изјави дека борбата била една од најстрашните во неговиот живот и дека не било убаво да се видат двајца мажи тешки по 100 килограми.
Ибрахимовиќ подоцна потврди дека за време на тепачката скршил ребро, а Американецот бил скромен и не сакал повеќе да каже детали освен што го потврдил конфликтот, велејќи дека не сака да започнува контроверзии.
,,Можеби не требаше да го направам тоа што го направив, на крајот на денот си се извинивме и така заврши“, изјави поранешниот американски фудбалер.
Ибрахимовиќ десет години подоцна се врати во Милан и се уште е херој на навивачите на Росоњерите, а малкумина се сеќаваат на Оневу.
The post Бруталната тепачка во Милан траеше 25 минути – Ибрахимовиќ излезе со скршено ребро! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico