Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, објави дека и официјално ја одбил понудата на претседателот Росен Плевнелиев да формира нова влада, со што отвори пат за предвремени парламентарни избори напролет.

” – Постои морал и политичко достоинство. Ако еден ден народот одлучи за нов мандат, тогаш ќе бидеме спремни” – рече Борисов.

Лидерот на десниот центар поднесе оставка откако претседателска кандидатка на ГРЕБ, Цецка Цачева, изгуби на изборите на 3 ноември од кандидатот на социјалистите, Румен Радев, кој освои 59,35 отсто од гласовите.

Новиот претседател ќе ја преземе должноста на 22 јануари.

Ниту една партија не може да добие парламентарно мнозинство без поддршка на ГРЕБ, поради што мора да се одржат предвремени парламентарни избори.

Борисов, кој беше на власт од 2009 година, беше реизбран кон крајот на 2014 година и имаше мандат до крајот на 2018 година.

meta.mk