Бугарија го одобри потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Сподели

Владата на Република Бугарија го одобри нацрт Протоколот на Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација на Република Бугарија во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, пренесува „24 часа“.