БУГАРИЈА: Пронајдени 13 милиони фалсификувани евра на дно на вештачко езеро

Сподели

evri-infomaks

Бугарските власти заплениле рекордно количество од над 13 милиони евра во фалсификувани банкноти, соопшти бугарската полицијата.

Најголемиот дел од парите се пронајдени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи, пренесоа француските медиуми. Банкнотите биле во апоени од 500 евра, а биле сокриени во близина на една брана на југот од Бугарија.

Полицијата до нив дошла откако еден од фалсификаторите бил уапсен и признал каде се наоѓаат лажните пари, наведуваат француските медиуми.