Бугарскиот европратеник Ќучук е новиот известувач за РСМакедонија во ЕП

Сподели

 

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, е новиот известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, пренесува МИА.

Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател. Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.

Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.

Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.