Пратениците во германскиот Бундестаг со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори за нашата држава. „За“ гласаа 476 пратеници, помеѓу кои и пратеници на опозицијата, против 122, а 16 беа воздражани.
Владејачката коалиција на Германија бара државата да продоложи со реформите, а се препорачува преземање на дополнителни напори за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, особено во делот на владеењето на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и засилување на институциите за заштита и подобрување на човековите права.
Акциските планови предложени од Европската комисија мора да добијат јасни рокови, чие исполнување треба да биде услов за отворање на нови поглавја. Бундестагот го задржува правото да го смени својот став доколку утврди дека не се исполнуваат поставените услови за почеток на преговорите.
На седницата на Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој е во работна посета на Берлин.