Чави не е единствената опција за наследник на Куман – Ова е втората опција за нов тренер!

Сподели

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта денеска изјави дека покрај Чави Ернандез, управата разгледува уште некои опции за нов тренер.

Барселона загуби од Рајо Ваљекано со 1:о и го претрпе четвртиот пораз во шест натпревари во сите натпреварувања, а неколку часа подоцна управата на клубот му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

„Името на Чави е во сите вести, но Барселона има други опции. Никогаш не сум го сменил мислењето за Чави. Еден ден тој ќе стане тренер на Барселона. А она што не знам е кога ќе биде тоа. Вистината е дека информациите што скаутите ги добиле за него се многу добри. Сите написи што ги имаме за него се многу добри, иако со тренерска работа не се бави долго“, рече Лапорта.

Тој не ги именуваше кандидатите на кои размислува раководството на клубот.

Чави моментално е тренер на катарскиот Ал Сад, тимот на кој му се приклучи во 2015 година како играч на Барселона, со кој претходно во 17 сезони освои 25 трофеи. Тој играше за катарскиот клуб пред да стане негов тренер во 2019 година.

Тренерот на Барселона Б, Серхи Бархуан привремено ќе го води првиот тим додека раководството не избере нов тренер.

Лапорта изјави дека Бархуан ќе го води тимот в сабота против Алавес во првенството и веројатно против Динамо од Киев, в среда во Лигата на шампионите.

The post Чави не е единствената опција за наследник на Куман – Ова е втората опција за нов тренер! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico