Черних: Продолжува следењето на движењето на тектонските плочи во Медитеранот

Сподели

 

Претставници на Сеизмолошката опсерваторија, проф. д-р Драгана Черних и д-р Јасмина Најдовска учествуваа на годишната меѓународна работилница за сеизмологија (ORFEUS Annual Observatory Meeting and Workshop, Second International EPOS SP Workshop on Adria Array – Seismology), што се одржа во Потсдам, Германија.
 
 

 
На овој меѓународен собир на сеизмолози беа прикажани досегашните активности и проекти на ORFEUS (Observatories and Research Facilities for EUropean Seismology) како и новите можности за соработка во однос на тектонските движења на плочите во Медитеранот.
 
 
 
 
 
Исто така беа прикажани резултатите од најновите истражувања на горната мантија под Балканскиот полуостров и динамиката на тектонските плочи и нивните деформации.
 
 
 
 
„За истражувањата на проектот Adria Array – Seismology, поврзани со Јадранската микро тектонска плоча, беше договорено да бидат вклучени и податоците од нашите сеизмолошки станици“ – изјави проф. д-р Драгана Черних, раководителка на Сеизмолошката опсерваорија при ПМФ.