Честитка од претседателот Гаши по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Сподели

Дозволете ми да ви го честитам големиот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многи радости во вашите семејства, упати честитка по повод честитка претседателот Гаши по повод празникот 28 Август – Успение на Пресвета Богородица..

Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани.

Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други.

Живееме во времиња во кои мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители. Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Тоа сите треба да се трудиме да биде составен дел и од нашата иднина.

Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица.