Честитки од Хан и Столтенберг: Им честитаме на сите оние кои одлучија да одат по патеката на ЕУ

Сподели

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, преку својот „Твитер“ профил им честиташе на пратениците кои вечерва гласаа за потребата од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција.

„Добар ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои одлучија да одат по патеката на ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите пратеници е целосно почитуван, особено на оние кои направија премин. Ни треба државништво, а не партиски игри“, напиша Хан.

 

И првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, на „Твитер“ честиташе на постигнатото двотретинско мнозинство во Собранието.

„Го поздравувам гласањето на парламентот во Скопје за предложените уставни измени. Сега владините и политичките лидери треба да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО”, напиша Столтенберг.