Меѓународен ден на лицата со аутизам – Чифте амам: Изложба „Пролет, лето,есен, зима…и повторно пролет“

Сподели

Чифте амам, Изложба ; „Пролет, лето,есен,зима….и повторно пролет“
Меѓународен ден на лицата со аутизам, 4.април, во 12 часот.
Изложбата ќе биде поставена до 12.04.2019 година.

Изложбата ќе ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“ – амбасадорот на Кралство Холандија во Република Македонија г-дин Ваутер Пломп.

Настап ќе има и младиот виолинист Филип Волкан со следнава програма;
1. Германски Танц –В.А.Моцарт
2. Кончертино за виолина и пијано во а-мол –Оскар Ридинг

Согледувајќи ги актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства како и фактот дека нивниот број секојдневно расте, ние како Национална галерија посветено работиме на унапредување на нивната положба, гледаме на нивниот успех како успех за сите нас. Во автентичниот амбиент на Чифте амам беа организирани креативни работилници во кои учествуваа деца од повеќе училишта од Штип и Скопје.

Креативноста кај овие деца дадоа многу разновидни решенија, работејќи и поврзувајќи различни материјали од органско и неорганско потекло, а од нив произлезе и изложбата насловена „Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“.

Преку Овој проект Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам 2-ри април.

Координатор на проектот „Уметност за сите “ е Маја Димитрова