Десетици илјади Чилеанци вчера излегоа на улиците во неколку градови, со протест против владата да го укине пензискиот систем со приватни фондови и да го замени со друг, подобар за пензионерите. Незадоволните протестанти тврдат дека ги принудуваат да вложуваат пари во фондовите кои имаат профит, но не обезбедуваат достојни суми за пензии на Чилеанците.
Според актуелниот систем, вовден во 80-те години за време на диктатурата на Аугусто Пиноче, шест приватни фондови управуваат со сметки на кои има околу 160 милиони долари.
Организаторите тврдат дека во демонстрациите учествувале околу 350.000 луѓе само во Сантјаго.