Норвешка веб-страница ги принудува читателите да поминат квиз за содржините на написот пред да коментираат, во обид да спречи злоупотреба и злобни аргументи што се оставаат под текстот.
Техничкиот оддел на Националниот сервис на Норвешка бара од своите читатели да одговорат на серија прашања со повеќе можни одговори пред да можат да коментираат. Од сервисот сметаат со ова ќе се осигураат дека читателот го прочитал текстот, што би довело до подобар онлајн дијалог, а воедно, неколкуте секунди што се потребни за да се заврши квизот ќе послужат како период за да „олади“ читателот.
Повеќе сајтови се трудат да поттикнат пријателски коментари, покрај честите дебати кои прераснуваат во навредливи расправии, особено кога се зборува за контроверзни, или партиски теми.
Оваа опција засега е само експеримент, при што прашањата се појавуваат на различни корисници со различен распоред.
На пример, на текст за алатка што се користи за следење на Фејсбук страници, корисниците мора да одговорат на прашањата кој ја создал алатката и кога таа била развиена.
Минатата недела, Гугл соопшти дека разви софтвер со помош на вештачка интелигенција кој ќе може да модерира онлајн коментари откривајќи говор на омраза. Негова задача е да наоѓа реченици и зборови за кои се претпоставува дека се навредливи. Сепак, истражувачите утврдија дека софтверот може лесно да биде изигран со едноставна промена на правописот на зборовите.