Околу 800 фотографии и видео материјали се споделени на социјалната група „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“, а со неа управувале двајца администратори и двајца модератори, – изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во министерството.
На новинарско прашање да сподели повеќе информации со јавноста за скандалот со малолетната порнографија што неодамна се појави во јавноста, Чулев додаде дека веќе е испратено барање до седиштето на „Телеграм“ во Велика Британија за добивање на дополнителни податоци за администраторите на групата, како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.