Д-р Крстески: Продолжува сукцесијата на документи од СФРЈ

Сподели

 

Во Белград е одржан состанок на директорите на Државните архиви на земјите од поранешна СФРЈ.

 

 
 
Претставниците од Словенија, Хрватска, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и на Архивот на Југославија се согласија околу динамиката на преземањето на историските документи од 1945 до 1992 година и на нивна дигитализација.
 
 
 
“За нас останува отворен Архивот на Југославија и од наша страна е нагласено дека постои интерес за преземање и оригинални документи кои се значајни за Македонија во тој временски период” – изјави директорот д-р Емил Крстески, по средбата во Белград.
 
Како еден од заклучоците на состанокот, кој е одржан по 11 години застој, е овие средби да бидат почести и процесот на сукцесија на историските документи да се интензивира и да се забрза процесот на нивна дигитализација. Следниот состанок за сукцесија е договорено да се одржи во Охрид, кон крајот на март 2023 година.