Давкова: Ние ќе играме по уставните и законските правила

Сподели

Посакувам на 8 мај кога ќе заокружувате, да се чувствувате пријатно и гордо знаејќи дека оние на кои ќе им ја дадете довербата, нема да ве изневерат!

Првиот натпревар го добивме и тоа со инспиративен резултат за нас, а за нив погубен. Јас сум убедена дека вториот натпревар на 8 мај ќе биде уште поуспешен. Вие сте судиите, непогрешливи и мојата благодарност е до вас. Ви изразувам длабока почит, ви верувам, знам дека ќе го направите вистинскиот избор, избор што ќе значи нови чекори на ова прекрасно семејство, чекори што не ќе може никој да ги запре, чекори заедно со владата, ама мислејќи на децата и на оние надвор, кои ќе докажуваат дека Македонија мора да биде твоја, ваша. Кога велам јас народ мислам на шаренилото од мојот народ, ама се разбира дека не може да си ги заборавам фамилијата, семејството, а тоа сте вие!

Она што е најважно е дека ние ќе играме по уставните и законските правила, ние ќе играме праведно, правично и етички. Ние нема да мамиме, нема од политиката да правиме пазар, туку од политиката ќе правиме уметност на можното, на убавината.

ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова