Сцена Продукција оваа година со концерт ќе го одбележи својот втор роденден.
Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола.
Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп- култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „
Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори.
„На 17-ти август конечно ќе имам концерт во Битола. Во Битола претходно бев со театарска претстава но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава.
Почнуваме со старите хитови како „Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“… па се до поновите како „Moja voljena“, „Niz brdo od ljubavi“, „Ljubav vjerna kao pas“.
Се радувам на скорото доаѓање ! Дојдете да се дружиме во што поголем број“ – вели Даворин пред концертот во Битола.
Атмосферата ќе ја загрева метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал групи ФАЏ (FUDGE), кои повторно се враќаат на сцената со концертни настапи.
По повод роденденот на Сцена продукција влезниците до 5-ти август беа по цена од 200 денари. Oд 6-ти Август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот истите ќе се продаваат по цена од 700 денари.
Ве очекуваме на Ракометно, заедно да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво Казалиште“.