Дебатата во Европскиот парламент околу Брекситот поттикна лут дискурс меѓу лидерите на ЕУ и евроскептичните политичари денес во Брисел
ЛОНДОН (АА) – Дебатата во Европскиот парламент околу Брекситот поттикна лут дискурс меѓу лидерите на ЕУ и евроскептичните политичари денес во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за време на вонредната седница на парламентот, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека е „тажен” поради Брекситот но дека ЕУ треба да ја почитува „британската демократија”.
Евроскептичниот лидер на Партијата за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, кој играше голема улога во текот на кампањата за излез од ЕУ, исто така присуствуваше на седницата.
„Навистина сум изненаден што сте тука. Вие се боревте за излегувањето, британскиот народ гласаше во корист на излезот, па зошто сте овде?”, му рече Јункер на Фараж.
Фараж подоцна беше исвиркан и од страна на другите европратеници додека се обраќаше пред Европскиот парламент.
„Она што јас би сакал да видам е зрел и разумен став за начинот на преговарање во врска со различните односи”, рече Фараж.
„Знам дека во суштина никој од вас никогаш не направил една правилна работа во вашиот живот, да работел во бизнис, или трговија, или пак некогаш да создаде работа”, додаде тој.
„Вие како политички проект сте во негирање. Вие сте во негирање дека вашата валута паѓа”, рече Фараж.
Француската лидерка на Националниот фронт, Марин Ле Пен, исто така, одржа говор на парламентарната вонредна сесија, во којшто таа ја поздрави одлуката на Велика Британија за напуштање на блокот.
Ле Пен, која се прогласи себеси за „Мадам Фрексит”, рече дека е „посветена на спроведувањето на патот на слободата” за нејзината земја.
„Тргнете ги тие намуртени лица, тие лути погледи и радувајте се на слободната и голема еманципација, ова е крајот на нивниот придонес кон ЕУ”, им рече Пен на европратениците во Евопскиот парламент.
Специјалната парламентарна сесија се случи откако премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, допатува денес во Брисел на средба со лидерите на Европската унија, за прв пат по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.
Планирана е вечера на Камерон со останатите 27 лидери на влади на земјите членки на ЕУ во Брисел.