Дела од Крстевски и Блажевски на меѓународна изложба во Полска

Сподели

 

Македонските уметници и стрип-мајстори Златко Крстевски и Тоде Блажевски со свои дела се застапени на 25-тата јубилејна Меѓународна изложба на сатиричен цртеж во Зиелона Гора во Полска.

Од селектираните 198 оригинални сатирични дела се избрани 62 цртежа, презентирани на годишната изложба во галеријата при библиотеката „Кипријана Норвида“. Од нашата држава се застапени авторите Крстевски и Блажевски. Делата се публикувани во годинашниот јубилеен албум на современ сатиричен цртеж.

Меѓународната изложба на сатиричен цртеж е во соработка со Музејот за карикатура Ерик Липински од Варшава и Асоцијацијата на уметници. По изложбата, делата ќе бидат дел од колекцијата на Музејот.