Делегацијата на ЕУ ги повика партиите да бидат одговорни и да го поддржат СЈО

Сподели

07pqpr12-860x680

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повторно ги повика потписниците на договорот од Пржино да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство и да одговорно да дејствуваат.

– СЈО е договорено од страна на сите политички партии, како дел од Договор од Пржино и сите политички партии, во повеќе наврати се заложија да ја поддржат работата на СЈО. Европската Унија ги охрабрува сите страни да делуваат во согласност со овие заложби и ја подвлекува важноста на одговорно делување – соопштија за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ, одговарајќи на прашање како ја коментираат изјавата на Никола Груевски дека нема да ги поддржат барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека владејачката партија вчера изјави дека нема да ги поддржат барањата кои Јанева ги достави до Парламентот, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и за приватност, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија.

– Обезбедивме сè што беше потребно. Буџет, средства, вработувања, простории, логистика и сè што ѝ беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно усогласени со опозицијата, и не сметаме дека има потреба од нивно проширување, надградување или правење на некој нов договор – рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

мета.мк