ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МОБИЛИЗАЦИЈА НА ШИРОК ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ

Сподели

Демократскиот сојуз смета дека високиот степен на криминализацијата ги разори сите институции, станаа зависни од криминалните структури во партиско – државниот врв, поради што и натаму тонеме во се подлабока криза и неизвесност.

Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое треба да се справиме на ефикасен начин. Со овој “октопод“ не можеме да се справиме, ако не го „удриме“ со чекан по главата.

Најдобра слика за криминалот во кој западна државата ни испраќа Парламентот, каде под стегите на организираниот криминал, истиот го блокираа изборот на претседател на Парламентот и избор на нова Влада на Република Македонија, без да има механизам за одговорност на опструкторите на демократските процеси.

Со не давањето на мандат за состав на Влада, Ѓорге Иванов и натаму го крши Уставот и ја злоупотребува службената положба, а со образложението, зошто не го дава мандатот, директно поттикнува на меѓунационален разор и нетрпеливост.

Во ваква состојба, Демократскиот сојуз, смета дека треба да профункционира широк народен демократски фронт, кој ќе овозможи мирен трансфер на власта и ќе се справи со новопечените богаташи, нарко босови и олигарси, кои ја срушија државата и надежта на младите генерации.