Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бараме брза реакција на службите за безбедност и полицијата.
Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација, со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици,меѓу другото и на меѓуетнички план.
Демократскиот сојуз инсистира на истрага, со цел да се откријат организаторите на овој напад, каде освен со камења, столици и други предмети, најмалку две лица користеа и огнено оружје.
Протестите се демократско право на искажување на став и револт, но насилството и напади врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести, секогаш има поединци, но и организирани групи, кои смислено прават инциденти.
Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство, а кога нема формален организатор, партиите, незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели. Демократскиот сојуз докрај ќе ги штити националните и стратешките интереси на Македонија.