Демократски сојуз: Потребни се темелни реформи на изборното законодавство

Сподели

 

Повеќе пратеници иницираат средба на која треба да се разговара за реформи на изборното законодавство.
 
Имено, наскоро пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на владата во периодот 2022–2024 година.
 
При градењето на приоритетите предлагам еден од врвните приоритети да биде темелни реформи на изборното законодавство, при што да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите „големи партии“, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.
 
Новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, но измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат до 15 јануари 2022 година.
 
Заради градење заеднички и усогласен став предлагам доколку Ви одговара да одржиме работна средба на 13.12.2021 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот, во сала „Борис Трајковски“ во Собранието, реагира Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.