Соопштение на ДС:
Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11-ти декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Парламентот, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта.
Туск сигурно ќе препорача да се дозволи парламентарното мнозинство (има 67 пратеници од вкупно 120) да формира Влада, но веројатно ќе инсистира Македонија да спречи транзит на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан и да се подготви за прифат на бегалци преку изградба на кампови со големи капацитети.
Како и да е, времето стана силен непријател на етаблирање на нова власт, поради што се неопходни цврсти и одлучни чекори за избор на нова, реформска Влада, со поддршка од над 700 илјади гласачи.