„Демони“ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски прогласена за најдобра претстава на сезоната во Националниот театар во Дебрецен

Сподели

Претставата „Демони“ од Фјодор Достоевски, во режија на Дејан Пројковски беше прогласена за најдобра претстава на сезоната откако беше претставена во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија. Специјалната награда ја додели директорот на театарот, Mátyássy Szabolcs на свечена церемонија што се одржа на 20 јуни.

„Демони“ на Пројковски беше поставена на крајот на април во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија. Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски а музиката на Горан Трајкоски.

Во март годинава Пројковски ја доби Меѓународната награда за режија на деветтиот Интернационален театарски фестивал кој се одржува во Истанбул, Турција. Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција.