Граѓани незадоволни од Договорот за името со Грција, попладнево повторно се собраа на протест пред Собранието, додека внатре пратениците одлучија Договор да се гласа по скратена постапка.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието граѓаните, од законодавниот дом се упатија кон седиштето на најголемата опозициска партија од каде што побараа од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, да ја извади ВМРО-ДПМНЕ на улица.
Тие претходно, додека беа пред Парламентот, побараа оставка од Владата и во знак на револт запалија копија од договорот со Грција, пеејќи ја истовремено македонската химна и песната „Едно име имаме“.