Ден Дончев: Нашата цел е да се врати функционалноста на Клиничкиот центар

Сподели

den-doncev1-696x391

Носителот на кандидатската листа за Изборната единица 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија, по средбата со граѓаните на Дебар Маало, со мобилниот тим за комуникација во петокот разговараше со граѓаните и пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред Гратскиот трговски центар.

„Нашата цел е да се врати функционалноста на Клиничкиот центар“, истакна Дончев на средбата пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, „без натамошни изживувања врз пациените од страна на перачите на пари“.

Од втори јануари 2014 најавениот почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар остана само тоа – најава, смета Дончев.

„Владата на семејната ДПМНЕ на Груевски тогаш објави дека ќе бидат инвестирани 70 милиони евра. Наместо завршеток на изградбата, планирана за три години, на 21-ви октомври годинава е распишан тендер за изградба на новиот клинички центар ‘Мајка Тереза’. Градежните активности е планирано да започнат на почетокот на 2017 година – нови лопати, нови сликања и нови ветувања“, додаде Дончев.

Заклучи дека тоа се ветувања во недоглед насекаде, па и овде, „каде што сметката е најстранка, затоа што пациентите се средство во рацете на корумпираната власт“.