5.мај – Ден на македонскиот јазик

Сподели

Од оваа година 5. мај се одбележува Денот на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница во април месец.

Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 година за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.

Азбуката е создадена на 3. мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5. мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, каде што државата ги објавува своите одлуки.

Објавувањето на 5. мај се смета за службен документ.