Денот на народното востание, 11 октомври е неработен ден за сите граѓани

Сподели

 

Согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.