Во Шри Ланка денеска е прогласен ден на национална жалост поради загубата на над триста лица кои загинаа во бомбашките напади за време на католичкиот Велигден.
Земјата е во вонредна состојба, а целата нација денот го почна со триминутно молчење за да оддаде почит на загинатите.
Националните знамиња се на половина копје, продавниците за алкохол се затворени, а радијата и телевизиите ќе емитуваат само сериозна музика.