Денес е Светскиот ден на хепатитис

Сподели

 

Во 2019 година во државава се регистирани 91 заболен од хепатит Б, а вирусниот хепатит Ц е регистриран кај 50 случаи. Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц, информираат од Министерството за здравство, на Светскиот ден на хепатитис, 28 јули.

Денес е Светскиот ден на хепатитис кога потсетуваме на глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба. Вирусниот хепатитис преставува воспаление на црниот дроб што може да доведе до негово оштетување, а превенцијата е клучна за спречување на пренесување на вирусот. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја се спроведува како рутинска за сите новородени.