Денес истекува рокот за доставување на кандидатурите за Јавен обвинител

Сподели

Денес завршува рокот за доставување на сите кандидатури за Јавен обвинител на Македонија. Се чекаат последните кандидатури испратени преку пошта. Досега се знае за 23 претенденти за местото на разрешениот Марко Зврлевски. Според процедурите, Собранието списокот го праќа во Советот на јавни обвинители кои во рок од 15 дена треба да ги оценат кандидатите и имињата кои ќе го поминат филтерот ќе и ги предложи на Владата. Потоа извршната власт бира еден од кандидатите и му го предлага на Собранието каде треба да помине со просто мнозинство од 61 глас. Ако никој од кандидатите не ја помине фазата на проценка, Советот на обвинители има рок од 15 дена за повторно оценување. Ако и во текот на тој период Советот нема одговор, тогаш Собранието е должно да го повтори конкурсот.