Денес почнува Брегзит: Меј ќе објави активирање на членот 50 за излез од ЕУ

Сподели

Велика Британија денес и официјално ќе ја започне процедурата за излез од Европската Унија, со што ќе биде завршено 44-годишното членство на земјата во унијата на европски држави, пренесува Anadoly Agency (AA).

Излезот од ЕУ, или популарно наречен Брегзит, граѓаните на оваа земја го изгласаа на референдумот одржан во јуни минатата година.

Премиерката Тереза ​​Меј денес попладне во своето обраќање во Долниот дом на британскиот Парламент треба да го објави активирањето на член 50 од Договорот за формирање на ЕУ, со којшто се регулира излезот на земјата од членството во оваа организација, со што ќе започне двегодишната процедура на британското напуштање на ЕУ.

Истовремено, британскиот пратеник во ЕУ, Тим Бароу, ќе го предаде писмото коешто го упати Меј до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Од канцеларијата на британската премиерка на пратениците во британскиот парламент им е соопштено дека Велика Британија тргнува на значајно патување и дека треба да остане обединета со цел да остане “глобална Британија”.

Велика Британија и ЕУ имаат рок од две години за раздружување.