Денеска почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот на ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје.
Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час.
Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот.